НАША СТОРИЈА : Пожарникарите со години незаконски добивале помали плати

Пожарникарите со години не добивале дел од платата кој по закон им следувала. Ваков заклучок донеле и судовите во кои тие поднеле тужби и ги добиле процесите. Сега државата и Градот Скопје ќе треба да им ги плати парите што ги должи.
Според пресудите пожарникарите требало да добиваат додатокот на плата за посебни услови за работа кој не се исплаќал и покрај постоечкиот Закон за пожарникарство кој како lex specijalis е облигатотен за работодавците на оваа категорија вработени во Македонија, а тоа се општините.

Во Законот за Пожарникарство бо челн 13 пишува: Поради видот и природата на работите што ги извршуваат, износот на платата на професионалните по-жарникари во противпожарните единици од членот 5 на овој закон е поголема за 20% од платата на другите вработени со соодветна стручна подготовка за работни места во општинската администрација.

“Основниот суд во Скопје во поглед тужбените барања на вработените во БППЗ на град Скопје а во поглед на примената на член 13 од Законот за пожарникарство пресудува односно дава објаснување дека за периодот од 01.06.2014 до 31.03.2017 дека тужениот на тужителот му нема исплатено додаток на плата за посебни услови при работа во смисла на член 13 од Законот за пожарникарство”, пишува во една од пресудите. Потоа судот појаснува дека : “ поради видот и природата на работите кои ги извршуваат односно поради специфичните услови на работа , износот на платата на професионалните пожарникари во противпожарните единици треба да биде поголема за 20% од платата на другите вработени со соодветна стручна подготовка за работни места во општинската администрација , а како специфични услови се подразбираат работа изложена на висока температура , влага , загаденост од дим , височина и работа со опасни материи и средства. Притоа вработени кај тужениот со ист степен на стручна подготовка како што имаат пожарникарите нема поради што согласно класификацијата на административните службеници постојат повеќе нивоа на општинска администрација со средно или високо образование.Пожарникар спасител возач на специјално возило е основно ниво во БППЗ на град Скопје во која група спаѓа и Пожарникар спасител кои посебни услови за засновање на работен однос се IV степен противпожарен техничар или III или IV Училиште од техничка насока и курс за професионален пожарникар и возачка дозвола за Ц и Д категорија а согласно Законот за пожарникарство да има завршено средно образование техничка насока IV степен и да има уверение за стручно оспособување. Поради фактот што кај тужениот вработени со ист степен стручна подготовка како пожарникарите нема најсоодветна група на помошно технички лица е споредбата со работните места обезбедевање на кабинет , возач на личност и возач на градоначалник од причина што и за овие работни места се потребни посебни услови за вработување лиценца за обезбедување , возачки дозволи Б,Ц категорија”.

Врз основа на вака утврдената фактичка положба и според доказите судот носи одлука дека тужбеното барање на тужителот како што е прецизирано е во целост основано и како такво истото го усвои.

Ова значи дека изминативе години платата која им била пресметувана и исплатувана на вработените во ПП единиците од општините како нивни работодавци била погрешно пресметувана. Согласно предходното и на вработените во БППЗ на град Скопје платата не им била пресметувана и исплатувана согласно позитивните законски прописи , туку пожарникарите спасители добивале плата во пониски износи.

Затоа со позитивното објаснување на судот во Скопје овој настанат проблем во иднина треба да се реши , односно администрацијата на град Скопје треба конечно да ги приспособи пресметките на плата кои ги прави за вработените во БППЗ на град Скопје со законски предвидените со што оваа неправда кон оваа категорија вработени ќе ја исправи, апелираат пожарникарите.

(породолжува… нови детали…анализи)

Total
0
Shares
Поврзани објави