НАША СТОРИЈА: Затвореник фатен во бегство користи поволности кои му се забранети

Затвореник осуден за финасиски малверзации по една година во бегство , полицијата го апси го враќа назад во затвор, но наместо да ги изгуби сите поволности тој ги добива оние кои по Куќниот ред на зтаворот и Закон не му следуваат, дознава dosie.mk.
Името на затвореникот е познато на редакцијата , но поради заштита на лични податоци нема да го објавиме. Со самите факти околку неговото приведување и поволностите кои ги користи институциите имаат доволно информации да превземат соодветни мерки за оние кои го прекршиле законот.
Се работи за затвореник по потекло од Охрид кој издржувал казна во Идризово. Му бил даден прекин , но затвореникот по истекот на терминот не се вратил во затворот. По една години полицијата го пронаоѓа во Штип и го враќаат во Идризово.
Од тогаш наместо санкции и построг третман затвореникот за 20 тина денови добива преместување во затворот во Прилеп каде го сместуваат во заторено одделение. Но за два месеци повторно со потписи на надлежниот директор кој скоро беше сменет поради кривични пријави и началничка односно раководител на превоспитна служба добива отворен третман но и преместување во затвор Струга. За него во суд се водат и други постапки за нови кривични дела кои не се завршени што значи овие поволности затвореникот не смее да ги добие.
Не е јасно како затвореникот за кратко време искористил неколку поволности.
Европската комисија во едно од поглавјата за реформи во затворскиот систем ја има наведено и високата корупција во затворите, третманите и условите во кои престојуваат затворениците.
Денеска заменик народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа ќе го презентира најновиот извештај за состојбите во затворите, полициските станици и психијатриските установи, изготвен од оваа институција.

фото:илустрација нет

Total
0
Shares
Поврзани објави