Нина Јанева : Два дена плачам оти ја заборавив втората строфа од химната

Нина Јанева, изведувачот на македонската химна на вчерашниот протест пред Владата за ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017, за Женски Магазин вели дека два дена плаче и е разочарана од себеси затоа што заборавила втората строфа.

Таа вели дека побарала уште еднаш да ја испее химната, откако заборавила да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ 

„1000 химни имам испеано, за првпат згрешив. Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, вели пејачката за Женски Магазин.

Јанева додава дека на лице место луѓето негативно реагирале, но потоа, откако побарала да ја препее химната сфатиле дека се работи за грешка. 

Total
0
Shares
Поврзани објави