Гром кој вчера удри над населбата Стрчин, веднаш под месноста Смолево предизвик пожар по што изгоре штала заедно со добитокот.
Како што соопштува МВР, шталата целосно изгорела, а настрадале и 80 овци, педесетина јагниња и 3 јуници кои биле внатре во шталата.
Од Територијалната противпожарна единица Битола интервенирале во 15:45 часот, со две возила и пет пожарникари.
Предизвикана е голема материјална штета.


