Панчев: Македонската репрезентација може пријатно да нè изненади на Евро 2020

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев оцени дека „црвено-жолтите“ се кадарни да приредат изненадување на Евро 2020, кое од денеска до 11 јули ќе се одржи во 11 европски града.

Македонскиот состав е во групата Ц, а премиерниот натпревар ќе го игра в недела против Австрија, пред дуелите со Украина и Холандија.

„Тоа не е претерано силна група. Можеме да направиме едно пријатно изненадување. Холандија е единствена репрезентација (во групата) од екстракласа, додека со Австрија и Украина апсолутно може да се надигруваме“,

посочи Панчев.

Легендарниот голгетер, како што објави регионалниот телевизиски канал „Спорт клуб“, смета дека најсилна страна на македонската репрезентација е исклучително квалитетниот среден ред со Аријан Адеми, Елиф Елмас, Енис Барди и Езѓан Алиоски.

„Ова е одлична шанса на Европа да ѝ го демонстрираме нашиот висок квалитет. Немаме што да загубиме, и онака од нас никој ништо не очекува“,

додаде поранешниот македонски репрезентативец и европски и светски првак со екипата на Црвена ѕвезда.

360stepeni.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

НОВА АУДИО БОМБА ОД КОНГРЕСОТ на СДСМ- делегатот Митревски од Центар: Го сменивме Стојко Пауновски затоа што работеше по словото на законот

Не само Радмила Шекеринска, туку и Владимир Митревски, делегат на Општинската организација на СДСМ во Центар, на вчерашниот…