Парламентот се конституира во вторник идната недела

Претседателот на Собранието Tалат Џафери првата конститутивна седница на новото Собрание го свика за вторник идната недела.

Поради кризата со пандемијата Ковид-19 седницата ќе се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени Комисијата за заразни болести. За одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, седницата ќе се одржи во Големата сала на Собранието, т.е. во големата купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема.

Од новите пратеници, двајца се со коронавирус, а Џафери е на Инфективната клиника поради пневмонија. Тој има три негативни теста за ковид-19 и се уште е в болница. Ако Џафери не ја води конститутивната седница на новиот Парламент, тогаш тоа ќе го направи најстариот пратеник, Стојан Миланов од Социјалистичката партија.

На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата.

Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts