Пејачот Даниел Кајмакоски ја пријави екс сопругата во полиција, му ставила дрога во кафето па завршил во болница

Јавен обвинител ја разгледува пријавата која популарниот македонски пејач Даниел Кајмаковски ја поднел против својата поранешна сопруга за наводно подметнување дрога во кафето кое двојката го пиела во парк во Тетово, по што тој завршил во болница.

Настанот се случил вчера напладне, потврди полицијата која добила известување од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ дека попладнето кај нив е примен 38-годишен стружанец, кој тврдел дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства.

Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Кајмакоски за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Даниел му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Фотографиите од монструозните злосторствата на Невоља пронајдени кај девојка: Кој ги чувал доказите за убиствата

Вчера вечерта, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговите соработници ги прикажаа сцените кои ја покажуваат сета стравотија…