По 18 години судење, пресуда за убиството на полицајците во Арачиново

Утре во Основниот суд 1 во Скопје судијата Лидија Зимбовска ќе ја соопшти пресудата за убиството на тројца полицајци на влезот од Арачиново 2000 година. Зимбовска е последниот судија кој го работи овој процес кој првично имаше ослободителна пресуда. По укинувањето на пресудата се сменија неколку судии, а дел од обвинетите се починати. Пресудата утре треба да ја слушнат обвинетите Лирим Динарица, Муча Бајрами, Рамиз Асани и Емрула Емрулаи. Додека траеше судкиот процес починаа обвинетите Башким Асани, Сабри Асани и Агим Асани.
Ним им се суди за случај кој ја потресе македонската јавност и кој се случи на на 11 јануари 2000 година на влезот на селото Арачиново. Во заседа беа убиени полицајците Ерол Готак, Кирил Петрушевски и Ацо Ангеловски. Една година подоцна, кога започнува воениот конфликт во Македонија, припадниците од ОНА ќе ја презедат одговорноста за оваа заседа.
Тогаш полицајците вршеа рутинска контрола на автомобили трагајќи по сторители на кражби во главниот град. Вечерта околу 22:30 часот четворица полицајци сопреле автомобил. Зад сопреното возило застанале три други автомобили од кои излегле четворица напаѓачи. Тројца од нив пукале кон полицајците од автомати, а еден од пиштол.
Крунскиот сведок на судењето за заседата, преживеаниот полицаец Новковски, тогаш тврдеше дека ноќта на полицајците им било кажано дека одат на специјална задача, за пронаоѓање крадени луксузни возила. Во специјалната акција тие биле пратени без панцир, гас-маска и без автоматска пушка, а згора на сето тоа немале ниту батериска ламба. Возилата ги проверувале со запалка. Според сведочењето, егзекуторот на полицајците бил во возило „опел кадет”.
Судскиот процес беше под силно полициско обезбедување во судот, а обвинетите беа во притвор. По завршувањето на првата судска постапка, обвинетите беа ослободени и притворот им беше укинат.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Зеќири останува во притвор

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди…
Повеќе

Игор Југ: Груевски го сметам за добар премиер ама за негативна нула како претседател на партија затоа што од ВМРО-ДПМНЕ направи бегалски камп од бегалките на другите партии

Игор Југ, утрово во Кривичниот суд зборува за 27 април и за партијата за која многу помогнал но…