Попладне силен ветер до 80 километри на час !

Главната метеоролошка одлика на денешниот ден ќе биде ветерот. Утрото ќе биде релативно мирно во тој поглед, но рано попладне многу бргу ќе „пробие“ северен ветер. Истиот во попладневните часови ќе биде засилен, односно со брзина од околу 40 km/h, но локално, особено долж повардарието и на повисоките места, ветерот ќе има повремени удари со брзини и до околу 80 km/h.
Утрото ќе биде ведро, додека попладне ќе се наоблачи. Многу мала веројатност има за краткотраен и сосема слаб дожд во северниот регион рано попладне.

Понеделник ќе биде веројатно последниот ден од оваа година со температура во земјава над 30°С. Температурата ќе има максимална вредност во границите помеѓу 25°С и 28°С во котлините од западниот и северниот крај, додека долж повардарието ќе има вредност помеѓу 29°С и 32°С.

Скопскиот крај очекува ведро време наутро, а попладне мала до умерена облачност. Попладне ќе биде особено ветровито. Ќе дува засилен, а повремено и силен северен ветер. Температурата ќе има максимална вредност до 29°С.

извор: meteopro.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави