Полицијата растури свадба во Гази Баба, сватовите од веселба завршија во станица

Ноќеска, пет минути по полноќ во Скопје, при интервенција на ул.„Димче Милошевски“ по поплака за гласна музика, А.К.(25) од Битола нападнал полициски службеник, соопшти МВР.

Потоа во вршењето на службени дејствија полициските службеници биле спречувани од Т.П.(26) од Скопје и бил приведен во полициска станица.

Исто така, приведен бил и Б.П.(56) од Скопје бидејќи организирал семејна веселба спротивно од препораките од Влада на РСМ во врска со „Ковид 19“.

Се работи на расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави