Полициски час од 17 до 05 часот за викенд?

Полициски час од 17 часот попладнето до 05 часот утрото секој ден , и од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки кои се планираат за земјава за крајот на тековнава недела односно за викенд. Се размислувало дури и за целосен „локдаун“ во текот на двата дена од викендот, но таа опција сега е малку веројатна, тврди извор на Фактор кој потврдува дека од друга страна, заострувањето на рестрикциите е извесно.

Од Министерството за здравство потврдуваат дека е можно да следува викенд во кој ќе има порестриктивни мерки за заштита, но дека нема таква одлука се уште. Дали ќе има ќе зависи од бројот на заболени и хоспитализациите во деновите до петок.

Членови на Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека нема најави за нови состаноци, а неофицијално тврдат дека нивната улога во последниот период е безначајна затоа што одлуките не се дискутираат на ниво како кога почна епидемијата на Ковид-19.

Одлуката за заострување на мерките би можела да се донесе и поради зголемениот број на семејни собирања, но најмногу поради полнењето на кафулињата и рестораните особено во викенд деновите. 

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Докторот Сашко Јовев за “Канал 77”: Не ми никогаш нудено да бидам министер за здравство, но ако тоа  се случи со задоволство ќе го ставам цел свој капацитет на располагање

Кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев сè уште не го потпишал решението за разрешување од директорската функција на државната…
Повеќе

САЛМОНЕЛА ВО ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ – најмногу заразени деца во „Владо Тасевски“, родителите го обвинуваат училиштето дека го крие случајот!

Најмногу, пет деца се затруени со бактеријата Салмонела во основното училиште „Влада Тасевски“ во општината Карпош. Како што…