Помалку тестирања, помалку нови позитивни на ковид-19

Денеска во земјава се починати се пет лица, како последица на компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Еден од нив, е од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.

Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19.

Скопје 57,

Куманово 13,

Дебар 1,

Штип 3,

Тетово 19,

Струга 1,

Велес 1,

Битола 2,

Охрид 1,

Гостивар 1,

Ресен 2 случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1.926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.942 лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави