Поради непочитување на мерките казнет скопски ресторан

Ресторан во близина на Марков манастир, денеска е казнет со парична казна во висина од неколку илјади евра откако инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврдиле дека во локалот не се почитувала ниту една мерка предвидена со протоколот за работа во услови на епидемија од коронавирусот, известува Канал 5.

Инспекторите денеска попладне влегле во ресторанот „Етно село Марков манастар“ и утврдиле дека вработените не носат маски и друга заштитна опрема предвидена протоколот.

На масите немало средства за дезинфекција, а покрај ова угостителот немал ниту фискална сметка.

Инспекторатот нема да поднесе кривична пријава поради прекршување на протоколот бидејќи во моментот на инспекцијата немало гости.

Проверката на инспекторите следало по дојави од граѓаните кои го посетиле ресторанот во изминативе денови и забележале дека не се почитуваат мерките. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави