Како последица на вирусот Ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, кој во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Димитриев беше на 63 годишна возраст. Оваа информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина. Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје. Таман бил малку поарен, нагло му се влошила состојбата па починал. -Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.
Поврзани објави
Починала мајката на сопругата на претседателот Пендаровски, се проверува дали била заразена со Ковид19
Мајката на сопругата на претседателот Стево Пендаровски починала на Клиниката за Пулмологија, пренесува порталот а1.он. Според порталот кој…
Се затвораат сите Ковид центри на интерните клиники во Скопје: Болни од ковид ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Инфективната Клиника
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти…
Се зарази спасувајќи животи, но ја загуби битката: Почина возачот на Брза помош од Прилеп
Возачот во прилепската Брза помош за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби биитката со коронавирусот. И…
Баба Елена од Прилеп се излекува од корона вирусот
Денес имаме и причина за славење. Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение. 85 годишната…