Повторно нема преведувач за Грујевски и Бошковски во судот во Солун

Двоецот на УБК, Грујевски и Бошковски седнаа на обвинителна клупа во судот во Солун, објави пред малку АлсатМ Телевизија. Судењето не започна бидејќи нема судски преведувач. Нив им се суди за лажни пасоши, а во судницата освен нив им се суди и на мигранти кои немаат правен статус во Грција. Засега не се знае дали судењето ќе се одложи, се информациите на АлсатМ.
Додека ним судот во Солун се обидува да им суди во Скопје Кривичниот суд ја комплетира документацијата за нивна екстрадиција. Се работи за подготвување на огромна документација од докази, истраги и целосна постапка која треба да ја добие грчката држава за да потоа одлучува за екстрадиција.
#извор АлсатМ ТВ

Total
0
Shares
Поврзани објави