При претресот во куќата на Ременски најдени се доверливи документи за “Монстум” и “Диво Насеље”

Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот Рекет се најдени доверливи документи. Новата истрага за случајот Рекет се води за невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски.

При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот“, се вели во одговорот до МКД.мк на Јавното обвинителство.

Според неофицијалните информации на МКД.мк, во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Обвинителството ги демантира овие информации.

Сопругот на осомничената Ременски, Јовче Ременски, беше помошник директор во Управата за безбедност и контраразузнавање.

информацијата е на порталот mkd.mk и продолжува тука

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

КЕШИШЕВ НИ РЕЧЕ КОПАЈТЕ ТАМУ КАЈ ПЕРНИЦИТЕ И КОГА СЕ ВИДОА ВЕЃАТА, НОСОТ И ЕДНАТА НОГА НА ДЕВОЈЧЕТО, ПРЕСТАНАВМЕ ДА КОПАМЕ, СВЕДОЧИ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК КАКО ЈА НАШЛЕ ВАЊА

Музафер Калишиќ, кој на 27 ноември кога беше грабната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, бил помошник-началник на СВР…