Продолжува топлото време и следите денови

Третата декада од септември месец поточно новата недела која што ни започнува веќе од задутре ќе ни донесе температури на воздухот кој ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат повисоки од нормалата дури за речиси 10тина степени.

Во текот на следната недела времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

И врнежите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината што значи сушниот период и понатаму продолжува а сето ова е како што кажавме поради активниот Атлантик и ураганите во САД.

извор: Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави