Пронајдено телото на 16-годишното дете кое исчезна во водите на Преспанското езеро

Денес околу 14 часот во водите на Преспанското езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција. Информациите се дека момчето се изгубило во водите на Преспанското езеро, откако со другарите се возеле на педалинка во туристичката населба Претор.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави