При расчистување на простор на напуштен објект инспоктори и работници наишле на отпор на група луѓе кои тука живат на диво. Се работи за објект на булевар Гоце Делчев во близина на поранешниот саем.
Од инспекторатот на Град Скопје , фирмата чија сопственост е објектот добиле налог за чистење и оградување. Фирмата постапила по решението и објектот се чисти и заградува.
Внатре во просториите на објектот откриени се диво населени преку 30 лица. Спречен е напад врз инспекторот за животна средина. Известени се Министерството за внатрешни работи на локација е присутен еден полицаец.


