Русин со украдено возило од Германија сакал да влезе во Македонија

На 20.02.2020 во 09:50 часот на Граничниот премин „Табановце“, при извршена контрола на А.Б.(32) од Русија, со место на живеење во Р.Германија, кој управувал патничко возило „опел“, со германски  национални ознаки, било констатирано дека возилото во базата на податоци во Интерпол било предмет на потрага, односно било пријавено за украдено.

При преглед во возилото биле пронајдени два гасни пиштола, кои биле одземени.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Загрижувачки резултати од истражувањето меѓу македонските средношколци: Постои врсничко насилство, нема механизам за превенција!

Вербалното е најчест облик на врсничко насилство во училиштата, а по него следуваат насилството преку социјалните мрежи и…