Рускоска: За притворот на Мијалков знаевме само тројца!

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Рускоска во изјава за телевизија „Сител“ вечерва негираше дека информацијата за притворот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков протекла од кај нив.

– Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови  во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов веќе со изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор, така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството – изјави Рускоска.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Земјотрес во Маврово

Утрово во 7,23 часот во Маврово е почувствуван послаб земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка…