Ученици жртви на сајбер насилство во Битола

Зачестено е сајбер насилството меѓу учениците ви Битола, покажа трибината за меѓуврсничко насилство што неодамна се одржа на Педагошкиот факултет.

Наставници, педагози и психолози се собраа и дискутираа за изнаоѓање решенија за проблемот. Сајбер насилството е омаловажување и малтретирање на други лица преку интернет, а посебно преку социјалните медиуми. Иако не е дозволено да се фотографира или снима друго лице без дозвола, често пати се објавуваат туѓи фотографии и недолични коментари заедно со нив што наидува на омаловажување и измејување од средината.

„Се среќава кај учениците од повисоките одделенија седмо, осмо и деветто. Ние гледаме воспитно да делуваме за намалување на сајбер насилството. Технологијата да се користи за позитивни цели, а не вршење на насилство. Сајбер насилството се врши со објавување на фотографии, снимки, негативни пораки со омаловажување и навреди. Тоа се случува најчесто кога децата не се во личен контакт , а кога ќе се видат може да премине во физичко и психичко наслство меѓу учениците“, рече психологот Аница Златевска од Основното училиште „Коле Канински“ од Битола..

Кои ученици се најчесто жрви на ваквото насилство?

„Најчесто насилниците бираат за жртви ученици кои се помирни, подисциплинирани и нема да вратат на нивните влијанија“ , рече психологот Елена Милошевска од Основното училиште „Гоце Делчев“.

Ваквото насилство ја погодува психолошката личност на учениците. Се случува жртвите на вакво насилство да бидат избегнувани на училиште, да остануваа сами, да нема со кој да се дружат. Неприфајќањето од средината е голем товар со кој се соочуваат некои ученици.

„Психолошкото насиство остави големи траги врз децата. Се јазвува изолација, сепарационизам, навредување, исмејување, облици кои допираат до психолошката природа на личноста и имаат влијание врз менталното здравје на децата“, рече Љупчо Кеверески, професор од Педагошкиот факултет во Битола.

Не ретко учениците кои трпат меѓуврсничко насилство стравуваат да одат на училиште за да не бидат мета на нови навреди.

„Чест симптом е недоаѓањето на училиште што пак доведува до последици врз успехот на ученикот. Кај секој ученик имаме индивидуални ситуации, некои се повлекуваат во себе, а некогаш има случаи и тие насилно да делуваат врз другите ученици. Но, чести се случаите кога отсуствуваат од училиште зашто учениците се плашат да се соочат со она што се случува на училиште“, додава психологот Милошевска.

извор: apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави