Утринава, во соработка со МВР, санкциониравме неколку прекршувачи на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар.
Со оваа одлука, донесена од Советот на Oпштина Центар и од Советот на Град Скопје, сите доставувачи на стока имаат забрана за доставување во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот.
Им порачувам на доставувачите да се придржуваат до одлуката, а службите будно ќе ја следат состојбата и ќе ги санкционираат сите оние кои нема да ја почитуваат истата.
Саша Богдановиќ: Доставувачите на стока да ги почитуваат одлуките на општина Центар

