Да си поќутиме а?
Така е денес, мора, и утре додека не се стемни. Но вчера или понеделник повеќе не. Не е лошо тоа што повеќе од 24 часа треба да молчиме за политика, партии, избори. Супер. Ама и не толку супер. Па ние немаме за што да зборуваме? Кога на пријателите им кажав дека треба да пишувам Локумна сите исто …како ама молк е ? е и…?
Фејсбукот спие. Тишина ко на планина. По некое селфи од спорт или кученце, некое кафанче и толку. Никој ништо не зборува. Аман те луѓе зар само политиката ќе ни биде другарка.
Бидејки е ШШШШШШШШШТ – МОЛК се мислев да ви раскажам една судска приказна. Ќе ви се чини бајка, Штрумфета и нејзините предмети. Како беше она… ти дам ти дам ти дам , ама во нашата бајка Штрумфета си пее ти дај ти дај ти дај… Ама сепак ќе ја оставам за пред едни идни скори други избори.
Првата “моја приказна” е за чичко Јосиф и извршителите. Не е прва поради политичкиот молк туку еден друг , молкот на народот. Јосиф еден од неколкумината неуморни кои секоја сабота се во центарот на Скопје покрај Триумфалната порта, ама триумф нема. Тој имаше храброст и пред судот со уште неколкумина да застане и да викне УА ЛОПОВ. Денес ќе молчи да го почитува изборниот процес , но од понеделник повторно гласно ќе вика УА.
Судницата нема врска со полтика , судницата е наша, на народот , ама судиите ни се однародија. Зошто? Одговорот е многу прост. Јосиф е гласниот меѓу илјадниците кои ШШШШШШШТ молчат, “ај некој друг нека се избори мене да не ме гледаат”. Да излезат тие илјада кои се тужени барем пред судот и да викнат УА е тогаш можеби ќе има надеж и за нашите судии кои, нели, делат правда во името на граѓаните.
Деновиве гледаме по медиумите претрес на судија во суд! Внатре и неговиот привремен шеф и полиција. Надвор полно судии, но сите скриени во кабинетите. Вакво нешто не беше било. И тој на свој начин одговори на претресот. И такво нешто не беше било. Но што беше било и е…молк од Здружение на судии. И таму ШШШШШШТ . Барем протоколарно да кажеа сеедно арно лошо за колегата, можеа и да го искараат но може и да го заштитат, но тие решија да си продолжат да молчат. Политичарите молчат два дена пред избори, ама судиите 20 години. Тук таму ќе се појави некоја храбра птица па и ќе каже нешто. Трите национални спортови кодошење, завист и превртливост едноставно завладеаа и со судиите. Штета, не се многу ама вредат многу, ги има над 800 во цела држава и во нивни раце се судбините на 2 милиони народ. Јавноста ги тепа и ги отепа , но тие ШШШШШТ упорно молчат.
Кога ќе размслам па и добро е да молчиме малку барем денес и утре. Убаво е времето да фатиме од последното топло сонце. Од понеделник пак иста песна кути мути да се врти муабетот ….
Морам да заминам го читам текстот на глас и на секое ШШШШШТ иди кучето мисли ќе шета и лае. Јас и’ велам чекај ќути имам работа. Па зар и на кучето да му речам да молчи? Нееее одам чаааооо се читаме следната сабота.
