Скандал: Советот на јавни обвинители молчи за незаконски пензионираните обвинители

Советот на јавни обвинители пред една и пол година пензионираше обвинители, за кои јавна тајна беше дека му пречеле на Марко Зврлевски. Од извори од Советот на јавни обвинители дознаваме дека кога се носела одлуката за пензионирање, двајца членови на Советот, се спротивставиле со аргументи дека одлуката е
незаконска и не е почитуван извештајот на Законодавно правната комисија на Собранието на Република Македонија во постапката за автентично толкување на членот со кој се изменува и дополнува Законот за работните односи.
Сепак Советот, со надгласување ја донел одлуката. Дел од пензионираните, веќе имаат правосилни пресуди дека Советот погрешно го применил законот, судот ги укинува одлуките и на Советот му наложува да ги врати на работа.
Со поништување на одлуката, која би требало да важи за сите, Советот на јавни обвинитело треба да донесе поединечни решенија и да им дозволи на обвинителите кои сакаат да продолжат со работа до 67 години тоа и да го сторат.
На сите пензионирани обвинители мора да им се исплати надомест но и камата од одлука на Советот до денес, што е голема сума и затоа има паника во Советот и несватливо е зошто го одолговлекуваат решавањето иако законски работата е чиста.
Деновиве случајно или намерно кога се очекува Владата до Собранието да достави мислење односно предлог за нов Републички јавен обвинител откако Советот на јавни обвинители даде свое мислење, се актуелизира прашањето за пензионирање на обвинителите.Ј авноста е преплавена со многу шпекулации и калкулации околу кандидатите, нивната стручност и возраст пред изборот за Јавен обвинител , па затоа dosie.com.mk ги прочита законските одредби и ви пренесува дел од нив.
Во Законот за јавно обвинителство јасно и прецизно е предвидено под коиуслови на jавниот обвинител му престанува функцијата. Членот 65 од Законот, возраста на кандидатот за јавен обвинител на Република Македонија не ја пропишува како пречка за обавување на функцијата. Токму тоа значи дека возраста не е услов за избор на ЈО. Вакво решение е предвидено во Законот бидејќи законодавецот се раководел од тежината , сложеноста и одговорноста на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија. Токму затоа неговaта функција не е врзана или условена со навршени години за старосна пензија . Ова решение овозможува личноста која ќе седне на ова место да има поголемо работно и животно искуство. Заради искуството кое треба да го имаат овие носители на функции слично односно исто решение е предвидено и во Законот за избор на уставни судии.
Ако го прочитаме член 66, за другите обвинители за престанок на мандатот предвиден е и основот –ако ги исполнат условите за старосна пензија. Но со одлука на Уставниот суд на Република Македонија од 2009 година, овој основ е укинат заради изедначување на остварување на правото на пензија на мажите и жените.

Total
0
Shares
Поврзани објави