Скопје протестира Нема воздух Нема мир -средношколците бојкотираа – директорка разрешена оти им се закани

https://www.facebook.com/ljubicasperkovska/videos/2658501764205786/

И покрај сите опструкции од професорите и заканата од директорката на скопската гимназија Никола Карев средношколците ја бојкотираа наставата и се дел од попладневниот протест за чист воздух. Директорката ги опомена дека не им гарантира за последиците и по масовното ширење на видеото по социјалните мрежи Градонашалникот ја разреши. Еве што напиша Шилегов на ФБ:

Даден налог до градските служби, да во јавноста го објават следново соопштение:

Разрешена директорката на гимназијата Никола Карев – Скопје

Градоначалникот Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, а по објавената снимка каде г-ѓа Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците, воколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест.

Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно.

Токму заради иднината на нашите млади.

Total
0
Shares
Поврзани објави