Следната недела ќе биде исплатена октомвриската пензија

Исплатата на пензиите за октомври ќе почне на 27 овој месец, а исплатата во готовина и овој пат ќе се реализира според висината на пензиите.

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27 октомври, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички да биде организирана во четири групи.

Следниот вторник ќе се исплатат пензиите до 11 илјади денари, а во среда пензиите до 14 илјади денари. Пензиите до 18 илјади денари ќе се исплатат во четврток, а во петок највисоките пензии.

Total
0
Shares
Поврзани објави