Сојуз на средношколци: Од утре, матурантите, продолжуваат со бојкот на наставата

Сојузот на средношколци, по вонредната седница на Генералното собрание одржана синоќа, соопшти дека е  одлучено да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите и следната недела.

„Исто така, наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање на јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени. Сојузот очекува широк консензус во Собранието околу нашите барања бидејќи ова прашање ги засега сите 18 илјади матуранти. Ние ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања. Матуранти, нашата заедничка борба продолжува!“, истакнаа од Сојузот.

Бојкотот на настава започна од самиот почеток на второто полугодие. Средношколците бараат да се намали бројот на предмети кои матурантите треба да ги полагаат во рамки на државната матура. Од четири предмети учениците да полагаат два предмети, и тоа мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот. Покрај ова, тие бараат МОН и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март 2021 да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите.

Од Сојузот велат и дека ја разбираат потребата од државна матура, но како што посочуваат, пандемијата покажала дека образованието може да функционира и без нејзино одржување. Освен до Министерството за образование и наука, тие се обратија и кон Собранието и неговите пратеници за поддршка на нивните барања во врска со државната матура.

Од МОН пак не отстапуваат и се децидни дека полагањето државна матура е задолжително, и треба да содржи четири предмети.

Исклучок сепак беше минатата учебна 2019/2020 година, кога поради пандемијата на матурантите им беше укинато полагањето државна матура.

извор: Nezavisen.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Бранко Црвенковски: „Македонија е корумпирана држава, нема еднaквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството”

Поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски денеска од говорницата во МАНУ презентираше анализа за состојбите во државата во…
Повеќе

КАРИЛ- Видовме оток на мозокот на ракометарот , но тоа може да биде и од недостаток на кислород – ги осудуваме шпекулациите во јавноста ние сторивме се да го спасиме

Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ денеска ги осуди, како што наведуваат, сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со…