Судовите во Скопје добиваат нови имиња

Новите имиња на Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје се предвидени во предложените измени на Законот за судовите, кои ги објави Министерството за правда.

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје.

Потребата од измени на имињата на овие судови беше истакната на почетокот на оваа година, на Јавната расправа за реформите во законите за судството.

Ваквиот став судиите го изградиле со нивна меѓусебна координација, заклучувајќи дека измените на името на Судот се потребни од причина што Основниот суд Скопје 1 – Скопје е специјализиран за кривичната материја и работи и постапува по кривичноправни предмети.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Писмото од Агелер доведе до судир во Судскиот совет: се бара разрешување на Дамева, таа тврди дека e порадии избор на судии – Ке си одам со крената глава

Потпретседателот на Судски совет Селим Адеми побара претседателката Весна Дамева да биде разрешена на денешната седница. Тврди дека…