Сведочење: “Рангелова ме спаси од стакло, а маж се соблече и го извади половиот орган”

Советничката Марија Бошковска Јанковска, која денеска сведочи за предметот „Насилство во Центар“, рече дека обвинетиот Александар Трајковски кој беше фотографиран со Никола Груевски во Будимпешта, сакал да ја погоди со парче стакло, но советничката Даниела Рангелова го спречила.

„Зеде стакло и сакаше да го фрли кон мене. Даниела Рангелова го спречи за што сум ѝ многу благодарна“, рече таа. „Ме навредуваше со погрдни зборови“, продолжи советничката. „Викаше комуњарко, к***о, свињо дебела, кој те ставил да работиш тука?“, сведочеше Бошковска Јанковска.

Таа рече дека еден од обвинетите кој не е во судницата, се соблекол и ѝ го покажал половиот орган. „Се соблече гол и ми го извади половиот орган“, сведочеше Бошковска Јанковска.

Total
0
Shares
Поврзани објави