Сведоштвото на Урко во судница за случајот на СЈО со луксузниот мерцедес

Денеска во судница се појави Дејам Митревски Урко човекот кој деноноќно го обезбедуваше груевски додека беше на власт. Тој за случајот на СЈО , Тенк детално раскажаа дека набавка на ново возило морало да има поради безбедноста и дотрајаноста на старите возила. Еве како сведочеше во судница.
“Со оглед дека седам напред во возилото и гледам напред имавме проблем со шофершајбната која почна да ни прави диоптрија, после возење на возилото имавме проблеми со главата, бидејќи гледаме низ шофершајбната. Кога се јавивме во фабриката да прашаме од таму ни одговорија дека тое возила се исфрлени од употреба и можно е од диоптријата што ни ја прави шофершајбната да го расипеме видот, бидејќи јас бев на контрола и ми беше оштетен видот. Имаше проблеми и со гумите и климата како и хидрауликата.
Не можевме да го носиме редовно на мајстор бидејќи беше неопходно. Го носевме на сервис кога тогашниот премиер беше на пат со авион. Кога ќе се јавеше поголем дефект земавме на користење од другите ВИП личности, дали од претседателот на Собранието, од претседателот на државата, министерката за внатрешни работи… Но, и тие возила беа проблематични и не беа безбедни. Имаше уште едно возило, џип, кое го возевме со нас во колоната. Често откажуваше и го враќавме со шлеп служба во МВР, па го заменувавме со обично возило. Имало и случаеви кога сме го заменувале, а тоа да не одговара на безбедносните стандарди. Ако се случеше нешто јас имав директна одговорност. Свесен за тоа, уште кога Груевски стана премиер од првиот ден јас инсистирав за набавка на ново возило. Тоа инсистирање траеше шест- седум години. На секое мое убедување за ново возило, добивав одговор од претседателот на владата дека не ни треба, имаме возила, ќе позајмиме од другите ВИП личности. Јас пробав да му објаснам дека и тие се расипани. Го убедував Груевски да ја сменат барем шофершајбната која чинеше 20.000 евра но Груевски рекче дека е многу пари и не ја сменивме. Имамве и инцидент кога во една ситуација враќајќи се накај вилата на Водно, ни откажа хидрауликата на воланот, ќе удревме во две столбчиња, шоферот едвај го исправи возилото за да не се направи поголем проблем. Јас му помогнав, со левата рака го влечев воланот за да не удри во столбче. Спроти тоа имаше детска градинка и да не помислиме што ќе случеше ако се десеше нешто, а таму имаше деца – сведочеше поранешниот шеф на обезбедувањето.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави