Таравари: Кон опозицијата СДСМ се однесува полошо и од Груевски

Градоначалник во Гостивар, Арбен Тараварисе жали дека СДСМ секојдневно врши притисоци и прави голема штета на општините каде раководат градоначалници од Алијансата на Албанците.

„Се обидуваат на секаков начин да и наштетат на Алијансата на Албанците, не знам зошто, не знам каде е логиката, меѓутоа мислам дека тие мислат дека ќе земат албански гласови ако и на наштета на Алијансата, изјавил Таравари за Алфа ТВ.

Тој смета дека многу се мали шансите да соработуваат со СДСМ бидејќи се разочарани од нивното однесување.

Спопред него, СДСМ е единствена партија на власт, која одземала ингеренции на општините раководени од опозицијата.

„Дури мислиме дека нас повеќе повеќе притисок ни прави СДСМ отколку ДУИ тука мислам на сите работи, на одземање на ингеренции. Знаете Груевски никогаш не одзема ингеренции на Заев, во образование, колку што знам јас иако тој бил градоначалник“, потсети Таравари.

Total
0
Shares
Поврзани објави