Транспортерите излегуваат со камиони на протест

Транспортерите членови на здружението „Макам-транс“, денеска ќе одржат протест пред Владата, во знак на незадоволство од покачувањето на цената на акцизата на горивата.

Наместо да се зголемува акцизата на горивото, транспортерите предлагаат да се воведе дополнителен данок од 0,5% за фирмите кои минатата година оствариле добивка do 10 милиони денари, 1% за добивка од 10 – 20 милиони денари и 2% за остварена добивка над 20 милиони денари, со што тие ќе се солидаризираат со најпогодените во кризата.

Протестот на транспортертите е закажан за 12 часот, а организаторите велат дека ќе се почитуваат сите мерки на заштита од коронавирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Поевтинуваат горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98…