Угостителските објекти на плажите без концесија останаа без струја, еснафските здруженија – тајмингот е погрешен

Прекинат е доводот на електрична енергија до угостителските објекти на плажите во центарот на Охрид, чија концесија е истечена. Без струја останаа најатрактивните објекти на потегот од мостот Студенчишта до Парк и населбата Канео.

Од општина Охрид за медиумите кусо информираа дека изминал рокот од 8 дена за престанок со работа кој им бил даден на закупците на плажи чии договори се истечени.

Закупците на плажи велат дека се изненадени од односот на надлежните институции. Укажуваат дека како правни субјекти редовно ги подмирувале сметките за потрошена електрична енергија и дека нема основ да бидат исклучени од електро-мрежата. Најавија дека ќе преземат правни мерки, со цел да ги заштитат нивните права. Додаваат дека им било кажано оти не смеат повеќе да вршат дејност и треба да пристапат кон отстранување на платформите во езерото и терасите од крајбрежјето. Биле информирани и дека објектите сега нема да се уриваат, а дали тоа ќе остане така или тие во иднина ќе може повторно да работат под одредени услови, ќе зависи од тоа дали истите ќе бидат вклопени во просторот од страна на Агенцијата за просторно планирање.

Случувањата околу најавата за отстранување на угостителските објекти од плажите во центарот на Охрид, го коментираа и угостителските здруженија, според кои, тајмингот за преземање такви дејствија е погрешен бидејќи на праг е главната туристичка сезона.

Од Здружението на угостители „Охридски еснаф“, чие барање за свикување итна седница на советот на која ќе се расправа за случувањата околу угостителските објекти на плажите под закуп во крајбрежјето, беше одбиено, велат дека се затекнати од таквиот одговор.

извор: Ohridnews.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави