Украдена ѕвездата на Пандев од Плоштадот во Струмица

Од Општина Струмица информираат дека на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска ја снемало ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев.„Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант Интер, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на Општина Струмица.
Оттаму го осудуваат, како што велат, вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на Горан Пандев и случајот ќе го пријават во полиција.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…