Улица Биди Маж

Од прва насловов е навистина нејасен и збунувачки. Но е вистина! Улица со вакво име има во Прилеп. Кој не верува нека изгугла. Да, ми текна на улицата и многу ме интересира кој и го ставил ова име, зошто на улица и која е приказната.
Ми текна на улицата оти неколку дека некако чудно јас и моите пријатели дојдовме во ситуација на неколкумина да им кажеме БИДИ МАЖ.
Еве неколку вистински приказни :
Прва приказна :
Актуелно било и ќе биде секогаш да се следат настаните во Кривичниот суд каде се најактуелните предмети во државава. Толку политичари влегле и излегле во сивана зградичка , повеќе од било која Влада или Собрание. Секогаш внатре нешто жешко се случувало и пред 17 години кога прв пат влегов таму, па до ден денешен. Судиите горе долу па и истите , сега подостарени но и помудри. Но не баш за судските предмети , туку како да се снајдаат и играат со сите. Јас тоа го викам селски итроштини. Ете сега ги гледаме угнетените зведи од режимот го добија судот. И ? Направија Хаос.
Лако че мо нели.
Е за да водиш таков суд во вакво време на вакви коренити промени повеќе не е важно што било, има кој тоа да го гони, туку како понатаму. Секако за тоа треба умешност , може да си добро дете , со сите петки у школо , ама за менаџер треба да си маж. Судот е сериозна институција со која се игра мајтап , се нема доверба и се е тоа поради лични интереси. Велам лични и тврдам лични , а не е лошо и Премиерот да се заинтересира кои и зошто. Дали она што се прави внатре се раформи или само добра групировка на наши и ваши. Не знам по кој пат веќе последниве 10тина години. Делење предмети како карти на маса, е истото што во минатото го правеше една сегашна новопечена зведа и им ги фрлаше предметите на судиите в лице. Кој АКМИС кој ѓаол. Ич не ни треба ни АКМИС ни ништо.
Ете се оствари мојата прогноза пред Нова година. Масовните селидби доведоа до долагања на судењата и тоа оние што нели сите ги знаеме и следиме, за ситните да зборуваме. Ке видиме на крај бројките од ажурноста ќе го кажат своето. Искрено се надевам дека вработените ќе се снајдат и ќе му ја завршат работата како и на секој шеф до сега. Сепак столчето на вториот кат е стани седни ама нивното не смее да се расклати оти чудо народ живеаат од скромните плати.
Бараме реформи ама за нив мора да си маж.
Втора приказна:
Ова редовно се случува…. паркираш и туку од никаде некој ке свика козо овцо и уште некоја пцофка. Се вртиш некој маж покрај мојот џип камион со мало количе урла демек не знам да паркирам. Излегувам му велам кажи што ти е проблемот и мажов оп затвора прозори се заклучува и побегна???? Е еден таков колем маж па и текстови лупа на сопствен портал и коментира паркирање у градов. Се скрил зад девојче и пиши ли пиши како да е тоа прво и последно и најважно и за кого?? За своите пред Броз Кафе .
Оди дечко биди маж и пиши и за Тетово и за Гостивар , отаде Бит Пазар Маџари… Скопје не е само Партизанска.
Трета приказна:
Нели беше нешто забрането Водно возила како беше…искрено не следам кој што прави за да го исчисти загадувањето оти мислам дека сето тоа е само бедни чекори без резултат. Не се најде татко на градов и не се погоди да го излуфтира троа. Но нема везе тоа , одам да ја испробам колата до средно Водно ноќе покасно да не сметам. Кога горе на средно врие од коли, уффф што е ова. Знаеме дека е познато место за љубовни средби, а кога видов кој е горе ….таму саде мажи и тоа сериозни гушнати во автомобилите. Женско не видов. ….

Ете така на крајот од текстов насловот Биди Маж ми падна во вода !

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Жуто комбе

Се мислам деновиве со што попрво да се занимавам. Дали со случајот Антонио кој дигна голема врева ,…
Повеќе

Шут гооол

До менаџерот било не до квалитетот. Така денеска се избра претседател на судот. Честитки до фубалерот па како…
Повеќе

Димче пуф пуф транс

Поскапува водата. Кому му е гајле? Ќе се менува Законот за пушење….ееее ова е за дебата. Гледам сите…