УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во јавното здравство во вредност од 100.000 евра

Скопје, 04.06.2021 – Од почетокот на здравствената криза предизвикана од Ковид 19 вирусот, Цементарница УСЈЕ во континуитет му дава поддршка на јавното здравство и досега реализирани се донации во вкупна вредност од околу 100.000 евра. Во рамките на овие донации УСЈЕ донираше апарат за анализа на крв од капилари за новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, со што ќе се подобри третманот на новороденчињата кои се раѓаат на оваа клиника. Покрај ова, донирана е и медицинска опрема со што му се дава конкретна поддршка на медицинскиот персонал кој работи посветено и во постојните услови на пандемија.

Компанијата целосно ја реновираше и заедничката службена просторија на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје.

Дополнително, УСЈЕ  донираше и медицинска опрема и апарати и за Министерството за здравство, ГОБ 8-ми Септември, Универзитетската клиника за инфективни болести – Скопје, Универзитетската клиника за дерматовенерологија – Скопје, Универзитетската клиника за токсикологија – Скопје и за Специјалната болница за геријатрија и палијативна медицина.

Со овие донации компанијата му дава директна поддршка на медицинскиот персонал и на јавниот здравствен систем за непречено и безбедно работење во услови на пандемија, а преку дел од донациите се овозможува и подобрување на условите за лечење на пациентите.

Како општествено одговорна компанија, УСЈЕ од почеток на здравствената криза континуирано ја следи ситуацијата и им ја понуди својата поддршка на релевантните институции. Во услови на пандемија од исклучителна важност е заеднички да му се даде поддршка на јавното здравство и на целокупниот медицински персонал.

Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид 19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки. И во следниот период компанијата останува конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последици по здравјето на луѓето.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

НОВА АУДИО БОМБА ОД КОНГРЕСОТ на СДСМ- делегатот Митревски од Центар: Го сменивме Стојко Пауновски затоа што работеше по словото на законот

Не само Радмила Шекеринска, туку и Владимир Митревски, делегат на Општинската организација на СДСМ во Центар, на вчерашниот…
Повеќе

Парно ќе има !

Проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на…