Вакцината против корона нема да биде задолжителна, но силно препорачана

Министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека вакцината против Ковид-19 нема да биде задолжителна, туку ќе биде силно препорачана.

Филипче тврди дека Македонија аплицирала преку Ковакс системот за добивање вакцини против ковид-19.

„Еве последните информации се дека во крајните фази од истражување е т.н оксфордска вакцина на компанијата „Астра Зенека“. Ние аплициравме преку Ковакс механизмот, како и сите други земји во регионот за вакцини за 20 посто од населението. Тоа се 800.000 дози, заради тоа што ќе треба по две дози, една и после неколку недели уште еднаш согласно сегашните сознанија за развој на антителата.“, изјави Филипче во емисијата „Само Вистина“ на „Канал 5“ телевизија.

Тој очекува вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година, а добиле уште две понудиод европски земји за набавка на вакцината.

„Полска ни пристапи и ни понуди да одредена количина ни препродадат од нивната. И премиерот Мицотакис на премиерот Заев  исто така му укажал дека ќе може да сметаме и на одредена количина и од Грција. Очекувањата се дека ќе биде во првите неколку месеци од следната 2021 година“, истакна Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави