Валентина Божиновска и Срѓан Керим советници на Бујар Османи

Осум месеци по преземањето на функцијата, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека во одделот што го раководи, нема долгорочен стратешки документ за надворешна политика.

„Во Министерството за надворешни работи не најдов документ, стратегија за период од 3, 5 или 10 години”.

И сега за да се подготви 10 – годишна стратегија, Османи ќе се консултира со Стратешки совет за надворешна политика од 26 члена избран лично од Османи, чии членови нема да бидат платени за нивниот ангажман. Меѓу нив се: Срѓан Керим, Арбен Раткоцери, Луан Старова, Лазар Еленовски, Ивана Туфекџиќ, Ризван Сулејмани и Валентина Божиновска. Ангажманот на поранешната директорка на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, предизвика бројни реакции. Јавноста го памти нејзиниот заканувачки говор за „Ноќта на ножевите“ за време на митингот пред ДИК во 2016 година и е скептична дека може да ја подобри позицијата на земјава во меѓународните односи.

Прашан за ангажманот на Божиновска, Османи во емисијата „Патот кон“ изјави дека таа ќе помогне во диверзификација на дебатата во рамките на Стратешкиот совет.

„Бев свесен за спротивставените ставови, што може да предизвикаат бура во јавност. Но, мојата идеја беше да имам Стратешки совет кој ќе дебатира, каде ќе се спротивстават во мислења, но на крајот ќе даде сеопфатен поглед на надворешната политика.“

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Заев: Ние сме фаворити

Прекрасна, силна енергија вечерва на трибината #НајдобротоЗаНашатаОпштина во Скопје. Заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата програмска и кадровска…