Вархеј бара решение за споровите со Бугарија, а не драма

И покрај пандемијата со корона вирусот, еврокомесарот Oливер Вархеји денеска дојде во Скопје да му ги пренесе на премиерот Зоран Заев добрите вести дека ЕУ е ангажирана да го зајакне проширувањето врз основа на новата методологија за што постои согласност и од другите земји.

Вархеји побара Македонија да ја продолжи борбата против корупцијата и со имплементација на законите кои се однесуваат на судството и јавната администрација.

И покрај противењето на Бугарија, Вархеји вели дека ЕУ прави се што може Северна Македонија да ги почне преговите за членство.

Тој побара да не се прави драма околу тоа, туку треба да се остави дипломатијата да работи.

Total
0
Shares
Поврзани објави