Вељаноски: Нема потреба за пет потпретседатели на Собрание

Пет потпретседатели на Собранието се многу, порачува поранешниот спикер, Трајко Вељаноски како реакција на предлогот на Талат Џафери. Според него, нема никаква економска оправданост и причина за пет потпретседатели на Собранието.

„Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија. Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието“, напиша Вељаноски.

Вељаноски, кој беше прв човек на Собранието од 2008 година до 2016 година, потсети дека во времето на владеење на претходната гарнитура имало по тројца потпретседатели, а во постот на својот Фејсбук профил наведе и такви примери од неколку европски држави.

„Во САД има 435 пратеници и еден потпретседател, во Велика Британија има 650 пратеници и тројца потпретседатели, Словенија има 90 пратеници и тројца потпретседатели, Италија има 630 пратеници и четворица потпретседатели, Германија има 709 пратеници и пет потпретседатели“, наведува Вељаноски на Фејсбук. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бебе со скршеница на раката криено од мајката на ГАК, ќе се формира посебна комисија за случајот со новороденчето

Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го…