Примадоната на Националната опера и балет (НОБ) и професорка на Факултетот за музичка уметност Весна Ѓиновска-Илкова, држи часови за техники на дишење и помага во еден приватен дом за стари и немоќни лица во Скопје. Во домот престојува и нејзиниот 62-годишен брат, кој е лице со посебни потреби. Оперската певица со врвна кариера вели дека иницијативата за часовите е на една од докторките, а таа безрезервно ја прифатила.
Ѓиновска-Илкова, позната активистка и поборник за човекови права, за САКАМДАКАЖАМ.МК говори за големата поврзаност со брата си, за семејството, за инклузијата на лицата со попреченст во општеството, за посетите во домот.

Јас сум негова сестричка (така ме вика,) се радува, покажува љубов. Тој и ми го дал името, родена сум во април, месецот на пролетта па некако природно дошло името. Кога сме дома, обавезно кажува што сака да јаде. Голем гурман е. Моите деца, неговите внуци ги знае од бебиња. Сега тие го занимаваат него во двор, додека пие кафе или јаде некое овошје. Голем љубител е на цигара. Тука контролирам колку можам. Мене ми е важно дека не се чувствува отфрлен, дека е дел од семејството, дека има достоинствен живот. Тоа ми е многу битно, верувајте. Моите родители многу вложија во него. Јас секогаш се борев сама и не се жалам. И затоа гордо одам исправена. Сѐ сум постигнала со моите две раце. А целта ми беше после смртта на родителите тој да биде со мене“, вели таа.
РАЗГОВОРОТ Е АВТОРСТВО И ПРОДОЛЖУВА НА SDK.MK