https://www.youtube.com/watch?v=UUGq6IUJ4W0
(ЛИНК ДО СПОТОТ)
Ова е видето на УЕФА , во кое малиот Јане Велковски во инвалидска количка зборува за неговата најголема љубов фудбалот. Пред два дена, УЕФА го промовираше новиот спот видео од проектот „Equal game“, кој започнува токму со Јане. Јане поради болест е прикован во количка и му ги менуваат шипките во рбетот што му го држат исправен. Првите, помали шипки му ги ставиле во 2015 година па биле продолжувани на секои шест месеци. Сега тој е пораснат, и требаше да му стават поголеми. Јане по интервенцијата во Париз сега е добро и се очекува побрзо да закрепне.