ВИДЕО: Отвори афера почна да притвора, обид за атентат на албански обвинител

Обвинителот Арјан Ндоја од Драч е повреден во обидот за атентат во крајбрежниот град. Инцидентот се случил вечерва на автопатот Драч – Тирана.

Ндоја во возилото бил заедно со Александар Лахо и Енди Малоку, кои исто така се повредени и со возило на Итна медицинска помош префрлени во болница.

Малоку поминал со лесни телесни повреди и трауми. Целата болница во Тирана е под силно полициско обезбедување.

Атентатот доаѓа само неколку дена по расплетот на аферата „Лазас“ во Албанија во која се вклучени и македонски функционери.

Извори од албанското обвинителството известиле дека во тековната афера со отуѓување на имот во соседната земја, вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиските средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Превртен автомобил кај МАНУ

Утрово во 02.55 часот било пријавена сообраќајна незгода на булеварот „Крсте Мисирков“ каде што патничко моторно возило „Пасат“…