Видео: Вечерва експлозија во битолската печатница каде се печати изборен материјал

Силна експлозија доцна вечерва ги вознемири жителите на Битола кои се наоѓале во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“. Според неофицијални информации на ТВ21, силна експлозија се случила во фабриката „Киро Дандаро“, по што веднаш интервенирале екипи на ТППЕ од Битола.

Според сведоци на настанот, експлозијата била силна, а подоцна се гледало и чад. Не е познато што експлодирало и дали тоа би предизвикало штети.

Во моментов вклучен е алармот во целата фабрика. Нема информации дали при експлозијата има повредени лица.

Од ТППЕ за ТВ21 велат дека екипи се на терен, а со повеќе информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Фабриката во која се случила експлозијата е позната по тоа што веќе неколку години го печати изборниот материјал.

видеото и текстот се целосна сопственост и превземени во целот од порталот на телевизија тв21.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави