Владата ќе ги скрати бенефициите и привилегиите на функционерите

Потпретседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски највува целосна реорганизација на институциите, кои досега биле узурпирани и системски уништувани со цел граѓаните да добијат подобри услуги.

Николовски за Алсат-М изјавил дека неговата задача е да ги поддржи институциите и да ја координира соработката меѓу нив за зајакнување на  борбата против корупцијата и криминалот.

-Добро е што денеска во сите извештаи зборуваме за борба против корупцијата и приоритетите и она што ни се поставува како задачи се токму овие теми кои се значајни за граѓаните, за да се врати довербата во системот, за да постои ред, дисциплина, за да постои правда во сите области, не е тоа само нешто во судството, туку да ги доведеме во ред работите и да профункционираат институциите. Затоа беше потребата од една координитивна улога во овој период којашто сега се воспоставува, изјавил вицепремиерот Николовски.

Вели дека дел од приоритетите се кратење на сите дискрециони права, бенефиции и привилегии, на функционерите, измени во целокупното кривично законодаство и кратење на непродуктивни трошоци.

Според него, неприфатливо е што до сега ниеден функционер не е разрешен врз основа на извештаите од Државниот завод за ревизија.

-Не се сеќавам и не најдов податок дека досега некој функционер е разрешен врз база на ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, а ако отворите некој од нив ќе видите дека не се имплементирани ниту препораките“, вели Николовски.

Тој ветува дека во неговата работа нема да ја наруши автономноста на институциите од извршната власт, туку напротив ќе се зајакнат регулаторни за да работат на чесен и одговорен начин со многу храброст и енергија.

Total
0
Shares
Поврзани објави