Владата може да субвенционира приватни компании за етнички вработувања

Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави првиот вицепремиер Артан Груби во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“.

Меѓудругото, Груби истакна и дека е направена грешка бидејќи ниту една жена од ДУИ не е дел од новиот владин состав, и покрај тоа што, како што кажа, континуирано се работи на родовата еднаквост.

Првиот вицепремиер нагласи и дека ќе се знае имотната состојба на сите функционери, како и приходите кои тие ги добиваат, наведувајќи го објавувањето на списокот на имотна состојба и приходи на носителите на јавни функции како еден од главните приоритети на Владата.

Груби соопшти и дека нема да се реализира изградбата на аеродром во Штип, односно оти Владата ќе ги пренасочи средствата за таа цел во проекти од областа на екологијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Владата предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност

Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските…