Владата прогласи 30 дневна кризна состојба

Владата на седницата вечерва официјално прогласи кризна состојба потврдувајќи ја вчерашната препорака од Советот за безбедност, кој се состана кај претседателот Пендаровски.

„Владата донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението“, се вели во соопштија од Владата.

Ова ќе значи дека армијата се вклучува во битката со коронавирусот, а државата може да ги користи ресурсите на приватните болници во битката со Ковид-19.

Вчера Советот за безбедност препорача воведување на кризна состојба на територијата на целата држава, а денеска Владата донесе одлука. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.

Кризна состојба не значи дека ќе има и полициски час.

Total
0
Shares
Поврзани објави