Влез во Грција отсега и со тест за антитела

За разлика од пред една недела, сега грчките власти признаваат и тест за антитела, за оние кои сакаат да ја посетат Грција, но документот мора да биде на англиски, германски, француски или италијански јазик.

Ова е покрај негативниот ПЦР тест, или примени две дози вакцини, но само ако од втората доза се поминати 14 дена.

Најголемиот дел од патниците кои вчера се упатија кон Грција беа македонски и српски државјани. Речиси сите кои доаѓаат од Србија  имаат документ  за примени две дози вакцини, додека поголемиот дел од македонските граѓани границата ја минуваат со негативен ПЦР тест, но имаше и такви кои веќе го завршиле процесот на вакцинација.

Оние што влегуваат вакцинирани, треба да имаат поминати 14 дена од втората доза.

Граничниот премин Евзони кој беше затворен цели 14 месеци грчките власти го отворија минатата недела. Од тогаш па до денес преку овој премин влез во Грчките оствариле околу 13.500 патници, што е далеку од периодот пред пандемијата со корона вирусот кога вакви бројки се регистрираа само за еден ден.

Total
0
Shares
Поврзани објави