Во август поскапува струјата?

Енергетските компании веќе ги доставиле пресметките до Регулаторна и побарале поскапување на струјата, па сега таа треба да одлучи што ќе прифати и дали летово поскапата цена на струјата ќе удри по и оната истенчениот џеб на граѓаните. Од Регулаторната Комисија за енергетика велат дека пазарот, а не Комисијата ќе ја поскапат струјата. Првиот човек на РКЕ вели дека тие одлучуваат само во мал дел кој влијае врз крајната цена.

РКЕ контролира 38%, за пренос, за дистрибуција и еден сосема мал минорен дел за операторот на пазарот на електрична енергија. 58% не ги регулираме ние, бидејќи тие се врз основа на случувањата на пазарот на електрична енергија и обврските кои што ги има преземено државата за обновливите извори на енергија, вели претседателот на Рекулаторната комисија за енергертика Марко Бислимоски.

Од доставените пресметки енергетските компании веќе побарале поскапување. „МЕПСО“ барал двојно зголемување на цената за извршениот пренос. За „ЕВН“ која ги снабдува домаќинставта со струја, цените зависат од влезните трошоци за набавка. Од Државните електрани, пак, кои го снабдуваат со струја „ЕВН“, велат дека инвестирале во ветерници и тие чинеле пари, што ја потврдува изјавата на премиерот дека струјата ќе поскапи.

Поскапувањето на струјата значи дека ќе повелече поскапување на буквално се, од основните прехрамбени продукти, месото, пијалоците, до комуналиите, превозот и еден куп скриени трошоци. И додека се крои повисоката цена на струјата, дел од независните синдикати на транспортери и градежници, бараат поевтинување на сметките за струја и комуналии до 50%.

Total
0
Shares
Поврзани објави